(ВИДЕО) Тајниот симбол на снимката на Кејт Мидлтон: Носи многу важна порака за болните од рак

225

Принцезата од Велс, Кејт Милдтон, ја шокираше јавноста во петокот вечерта кога објави видео во кое откри дека ѝ е дијагностициран рак. Потресната снимка ги замолчи бројните теории и шпекулации за нејзината здравствена состојба, а реакциите се нижат веќе со денови.

Својата тешка битка принцезата ја објави седејќи на клупа во градината во Виндзор, а според британски „Мирор“, самиот избор на таква локација ѝ дава дополнително значење на нејзината објава. Имено, зад принцезата се наоѓаат нарциси, цвеќе кое станаа симбол на надеж за болните од рак, а воедно претставува и нов почеток.

Во емотивна објава, принцезата зборува за големиот шок откако ѝ бил откриен ракот и за „многу тешките месеци“ низ кои поминало нејзиното семејство. Иако не открила за каков карцином се работи, таа порача дека на крајот на февруари почнала со превентивна хемотерапија и дека се чувствува добро и позитивно гледа на исходот.

Британските медиуми, исто така, наведуваат и дека постои причина зошто принцезата ја објавила веста за нејзиното здравје дури во петокот, иако корисниците на социјалните мрежи со недели претходно шпекулираа што навистина се случува со Кејт. Во петокот во Велика Британија започна училишните празници по повод Велигден, а Кејт и Вилијам го чекале тој момент да ја објават веста за да ги заштитат своите деца од медиумите и да можат да разговараат за состојбата на нивната мајка, наведе „Дејли мејл“.

– Вилијам и јас направивме сè што можевме за да поминеме низ ова во приватност, за доброто на нашето младо семејство. Како што можете да замислите, за тоа беше потребно време – рекла Кејт во видеото.

претходниот член,Ептен домаќински: Од Арачиново на гостите од Куманово им порачале – ЖИВИ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕТЕ
Следната статијаБојмацалиев: Истите ресурси кои Спасовски ги создал ги користиме и денеска