(ВИДЕО) Страотно невреме во овие ДВА града во Македонија – водата носеше се пред себе

3862

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како обилниот дожд се слева низ улиците и скалите, носејќи големи количини вода.

За кратко време, делови од градот биле поплавени, а во близина на угостителски објекти и шеталишта водата се слевала како река.

Невремето предизвикало загриженост кај граѓаните и туристите, особено поради интензитетот на врнежите и брзината со која водата се собирала на јавните површини.

На една од снимките се гледа како вода тече низ скали, додека на друга локација дел од просторот покрај езерскиот брег е под вода.

Засега нема официјални информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

Надлежните служби се очекува да излезат на терен и да ја следат состојбата, особено доколку врнежите продолжат и во наредните часови.

Снимките се од Охрид и Струга.

Претходна вестМицкоски откри детали за болеста на Лукаровски
Следна вестГолема трагедија го потресе регионот: Загина брачен пар од Србија откако товарен воз удри во нивниот автомобил