Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште.
Според очевидци, автобусот е во близина на приватни куќи и дрва и постои опасност да се прошири.
На терен се излезени екипи од противпожарната бригада.
Според информациите кои ги имаме од лице место, за среќа, сите патници и возачот излегле и нема повредени лица.