(ВИДЕО) Спасен пееше на свадба со 2.000 гости во Турција: Да ви покажам колку другите народи ја љубат Македонската песна

16970

Прерасна во еден од најбараните македонскиот фолк пејачи, а неговото име и презиме е веќе добро познато на наштата естрада, Спасен Силјановски.

За него познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор. Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија.

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Спасен е еден од ретките македонски пејачи кој ја негува и пее исклучиво македонската музика, и како што вели, иако се едуцирал со секаков жанр на музика го нервира тоа што кај нас е доминантна туѓата музика повеќе од нашата.

Неодамна при едно свое гостување во една наша емисија тој говореше за својата кариера и почетоците.

– Во моето семејство Силјаноски музиката е всадена во вените. Јас потекнувам од едно музичко аматерско семејство и јас најверојатно тие гени и љубов сум ја наследил од нив.

Од кога паметам за себе се занимавам со музика, аматерски на почетокот, на мои 6 години. Парадокс замислете ме научи татко ми да свирам а тој не знае да свири.

Пред да почнам да пеам професионално свирев свирев по различни веселби и свадби бев хармоникаш. Првата композиција е мојата песна „На свадба ме канат“, таа е 2009та година кога бев на „Роса фест“, таа ми беше отскочна даска, вели Спасен.

Спасен е доста активен и на социјалните мрежи, па така утрово на својот фејсбук профил сподели видео крај кое напиша:

Неопишливо задоволство и огромна чест за мене беше поканата да испеам сплет од неколку Македонски песни на свадбата на еден од најпознатите интерпретатори во Маниса – Турција господинот Ершан Хурман.

Свадба на која присуствуваа над две иљади гости. Ова видео го споделувам од две причини.

Првата е бидејќи секогаш убавите моменти сакам да ги споделам со вас, а втората причина е да ви покажам колку другите народи ја љубат Македонската песна,… Уживајте

Претходна вестЛатас откри како баба му му го спасила животот откако се направил флека од пиење
Следна вестСтариот ерген Љубиша: Љубовта трае додека имаш пари