Англиската ТикТокер и сопственичката на салон за убавина, Канди Раин, сподели бизарно откритие од нејзиниот дом со своите следбеници откако таа и нејзиниот сопруг со месеци мирисаа непријатен мирис, но не можеа да сфатат од каде доаѓа.
Смрдеата била толку силна што дури почнале да се обвинуваат, убедени дека еден од нив мора да е причината за проблемот. Дури при реновирањето на куќата стара повеќе од 50 години го откриле вистинскиот шок и од каде настанал проблемот.
Како што откриле, вистинското изненадување дошло кога го отстраниле тепихот за време на реновирањето и откриле тајна шахта под која имало канализациони цевки. Имено, веднаш под подот од нивниот дом имало, како што рекла, реки од фекалии.
Низ мали пукнатини се проширил непријатен мирис, а таа и нејзиниот сопруг мислеле дека нешто починало во собата.
Сето тоа се случи кон крајот на 2021 година, но нивното видео дури сега стана вирално на ТикТок, каде што е прегледано повеќе од три милиони пати.
@candyrainuk #secret #renovation #oldhouse #diy #mystery #gross #renovationproject ♬ original sound – Candy rain