(ВИДЕО) Сцени како на филм во Тетово: Девојка сакаше да си го одзеде животот – спасена во последен миг

486

Брза и навремена реакција на полициските службеници од СВР Тетово спречи трагедија во мотел во Тетово, каде што млада девојка се обидела да си го одземе животот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денес околу 14:35 часот, по пријава од лицето Л.К., дека имал недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот, полициска екипа пристигнала на терен.

На лице место, полицијата затекнала девојка која стоела на работ од прозорецот од собата, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба од јавен обвинител, полицијата насилно ја отворила вратата и успеала да ја спречи во намерата.

Девојката веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ е укажана лекарска помош. Во акцијата, еден полициски службеник бил полесно повреден.

Истовремено, лицето Л.К. било приведено под сомнение за посредување при вршење на проституција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на истрагата ќе следуваат соодветни кривични поднесоци.

Претходна вестСите кои гледаат „Ѕвезде гранда“ се без збор: Познато е кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ – нема да верувате
Следна вестВеднаш проверете ги вашите сметки: Само што легнаа пари на овие граѓани – сериозна сума