Ситуацијата е крајно сериозна, а цела држава е на нозе и подготвена да реагира.
Сепак, водата од дождовите брзо се движи, поради што во опасност се огоромен број на луѓе.
Покрај домашното население, во овој дел живеат и огромен број Македонци. Со дел од нив нашата редакција комуницираше и добивме информација дека будно ги следат случувањата.
Силни дождови и грмотевици предизвикаа ненадејни поплави и ја претворија италијанската туристичка дестинација во езеро.
Видеата се снимени во близина на Пјаца Еврипид во Сиракуза, на островот Сицилија, објави „Дејли Меил“.
Драматичните снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат мотори речиси целосно потопени под вода и автомобили кои се обидуваат да се движат бавно со трепкачки светла за предупредување.
Најновите катастрофи во Сицилија следат по слични поплави на 1 октомври, кои ги погодија градовите Агридженто и Сан Леоне, оставајќи ги жителите заглавени во своите домови.
Језивите снимки погледнете ги со клик ОВДЕ.



