(Видео) Исчезнатото двегодишно девојче од Бор е видено со две Романки во Виена !?

219

Нова трага за исчезнатата Данка Илиќ се појави синоќа во три и пол часот наутро. Во прашање е сè уште непроверена информација дека исчезнатата двегодишна Данка Илиќ од дворот на куќата во Бањско поле во Бор, била видена во Виена во придружба на две Романки, пишуваат српските медиуми. Српските медиуми објавија и видео на кое се гледаат две жени и едно девојче за кое велат дека е исчезнатата двегодишна Данка Илиќ.

Снимката наводно е од Виена, но нема потврда кога е снимена и каде точно. На видеото се гледаат две жени со чанти кои стојат на улица, а покрај нив има мало девојче. Од снимката не може да се утврди дали се работи за исчезнатата Данка. Оваа информација пристигнува на шестиот ден од потрагата по малото девојче.

Телеграф.рс пишува дека ова го снимил Србин од Виена, а наведуваат дека се обидел да им се обрати на жените кои го придружувале девојчето. Но, не успеале да се разберат. Тој рекол и дека жените го повикувале девојчето, но детето не реагирало. Колку и да звучи неверојатно оваа информација, полицијата има должност да ја провери бидејќи ниту една трага, колку и да е чудна, не може да се игнорира, пишува Блиц.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на аеродромот Полковник-пилот Миленко Павловиќ во Батајница изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данка Илиќ. Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја.

Претходна вестРусија за нападот во Москва ја обвини Украина: Веднаш да ни ги испорачаат ОВИЕ луѓе – и да платат оштета на жртвите
Следна вестУжас ја потресе Македонија: Полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил