Техничкиот премиер Талат Џафери прослави роденден. Наполни 62 години, а за роденденот доби изненадување и тоа на работното место.
Семејството му донесе торта на која пишува „ Среќен роденден премиере“
„Благослов е на 62 години да имаш со кого да споделиш радост, на кого да се гордееш, од кого да примиш честитки за роденден. Ви благодарам!“, напиша Џафери на Фејсбук објавувајќи го видеото.
На мини прославата се приклучија и дел од министрите и се засладија со тортата која Џафери самиот ја пресече.