Страотна вест ја потресе цела држава, а особено Вевчани.
Доцна синоќа околу 1 часот, во сообраќајна несреќа загина Милан Мукоски, 20-годишно момче и син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.
Младото момче управувал со автомобил марка „ауди“ со кое излетал од патот и починал на лице место. И покрај обидите за реанимација, тој не дал знаци на живот.
Веднаш на лице место е извршен увид од страна на јавен обвинител и службеници од Струга.
Милан е најстариот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.
Нашата редакција Информа изразува сочувство до фамилијата и блиските пријатели на Милан. Нека почива во мир.