Веста која го потресе светот: Финска зароби товарен брод кој патувал од Русија кон Изреал

2597

Финската гранична стража заплени товарен брод осомничен за оштетување на подводен телекомуникациски кабел што ги поврзува Хелсинки и Талин, соопштија финските власти. Во рамки на истрагата, приведени се 14 членови на екипажот.

Граничната стража објави и видео од операцијата во Финскиот Залив, во која бил пресретнат товарниот брод „Фитбург“. Станува збор за брод долг 132 метри, кој плови под знамето на Свети Винсент и Гренадини. Во моментот на интервенцијата, бродот пловел од Санкт Петербург кон Хаифа.

Според изјавата на комесарот на националната полиција, Илка Коскимаки, приведените членови на екипажот се државјани на Русија, Грузија, Азербејџан и Казахстан и се испрашуваат во врска со инцидентот.

Финската полиција наведува дека бродот е осомничен за оштетување на подводен кабел за пренос на податоци, кој е во сопственост на финската телекомуникациска компанија Elisa. Кабелот се наоѓа во естонската ексклузивна економска зона.

„Граничната стража презеде мерки за запирање на бродот кон крајот на 2025 година и го спроведе до безбедно пристаниште. Продолжуваме да ја поддржуваме подводната истрага на полицијата со специјализирана опрема и експертиза“, соопштија од Финска гранична стража.

Во акцијата учествувале специјалната интервентна единица на граничната стража, полициската единица Карху, два хеликоптери на граничната полиција и еден хеликоптер NH-90 на финските одбранбени сили. Безбедноста на операцијата ја обезбедувале и патролните бродови Турва и Уиско, како и крајбрежен брод.

Претходна вестОткриено како е идентификувано телото на младиот Стивен Ивановски кој загина во пожарот во Швајцарија