Весна од скопско: Замолувам ако може некое парче земја од 200-300 м2 за да може да изградам една-две собички

17299

Тешкиот живот во риуниран дом со нарушени имотно правни односи со роднините, ја натера самохраната мајка Весна Димовскa неодамна jавно да си ја раскаже маката. Таа е жител во општината Шуто Оризари, во дом кој повеќе од пет пати е поплавуван.

Но, најголемата штета беше направена на 26 јуни оваа година кога со денови, со синчето Атанасиј живееле во мокар дом. Каде и да тропне вели таа, наидува на затворени врати, па се што и преостана е да побара помош од хуманиот народ. Откако градежни работници го погледнаа просторот, по извесна полемика беа согласни дека оваа мајка и да добие реновирање на домот, тој ќе биде сигурен само до следниот дожд.

Затоа, сите упатуваме апел, а најмногу Весна и Атанасиј ,кој е во можност да им излезе во пресрет, за таа да може да купи место каде ќе има дозвола за градење објект во било која населба во градот Скопје и од ново да и бидат направени две три соби за да бидат сигурни и мирни во иднината што следи.

Молба до хуманите граѓани да и се помогне на самохраната мајка Весна од Шуто Оризари која во лоши услови живее со 6- годишниот син Атанасиј. Таа замолува да и се донира мало парче земја од 200-300 м2 во околината на Скопје (Марино, Мралино, Кадино, Илинден, Волково и др.) за да може градежна фирма да и изгради една-две соби во кои полесно ќе може да живее со синот.

Донации на денарска сметка: Весна Димовска 300007040194464 Комерцијална банка

Целата емисија може да ја проследите на Срце на дланка.

Претходна вестРаздор во ВМРО-ДПМНЕ Кочани: За директор поставен екс-член на СДСМ, сега член на ЗНАМ
Следна вестПоради залутан куршум Никола останал неподвижен – виновник нема, а мистеријата продолжува: Сега стигна и до Европскиот суд, адвокатот ги откри деталите