Весна од Скопје и нејзиниот син Атанасиј: Стравуваме за нашите животи, спиеме во влага и мувла

2707

Сторијата за тешкиот живот на самохраната мајка Весна Димовска од општина Шуто Оризари нема никого да остави рамнодушен. Нејзиниот дом веќе пет пати досега се поплавува при поголеми врнежи од дожд. Сите соби и скромниот мебел, апаратите за домаќинство и облеката се уништени од надојдената вода.

Во домот мириса на мувла и влага. Во собите таа живее со нејзините родители и малиот Атанасиј кој учи во прво одделение. Доле спијат само мајка и и татко и, а горе каде нема ниту вода, ниту струја дури и во зима спијат Весна и Атанасиј. Куќата не е само нивна. Дел од неа имаат уште двајца нејзини чичковци.

Неколку пати е огласена за продажба, но понудата која ја добивала достига едвај да се купи гаража во Центар. Таа едвај наоѓа и вработување за да му купи храна на шест годишниот син. Често ќе рече таа остануваат и гладни. Симболично му го одбележува роденденот на Атанасиј зашто му ја посакува цела среќа на својот син единец. А, оваа година иако почна да учи прво одделение, не можеше да си дозволи достоинствено ниту да го испрати како другите деца. Атанасиј често знае и да ја праша мајка си:

-“Мамо, што ако пак се поплавиме” или “Мамо како ќе ја поминеме оваа зима, пак ли горе во собата без струја”?!, вели за Срце на дланка.

И, Весна и Атанасиј стравуваат по нивните животи од престојната зима и нови врнежи од дожд кои може да им го доуништат животот.

Кај ова семејство можеби и најдобра опција е помош со плац каде би се направила куќа со две соби за Весна и Атанасиј, но секако добредојдена е било каква помош само да биде подобро и попријатно отколку што живеат денес.

Претходна вестКарлеуша започнува сопствен бизнис: Се чуваше во строга тајна, а ова ќе биде нејзин производ
Следна вестСеланец копал на својот имот и случајно нашол гробница, не ни сонувал дека под неговиот имот се крие вистинско богатство