Венко Филипче се огласи вечерва: Најави директна поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

203

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред неколку моменти се огласи преку социјалните мрежи и им даде огромна поддршка на фамилиите кои ги загубија своите деца во трагедијата во „Пулс“ во Кочани.

Како што кажа Венко, кој и самиот е пратеник, ќе делуваат преку Собранието. Еве што конкретно ќе направи СДСМ:

-Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.

На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.

Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание, напиша Филипче.

Претходна вестГолем проблем на небото над Скопје – итно се реагира
Следна вестДали се забрзува црното сценарио? Русија би можела порано од очекуваното да нападне членка на НАТО