Веднаш проверете ги вашите сметки: Само што легнаа пари на овие граѓани – сериозна сума

2104

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница.

На сметките на 1 448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно.

Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).

Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност.

Министерството за финансии во наредниот период предвидува воведување нови финансиски инструменти, вклучително и понуда на инструменти наменети за граѓаните, а целта е зголемување на квалитетот на понудените инструмени и зголемување на базата на инвеститорите.

Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и доспева во ноември 2025 година.

Претходна вест(ВИДЕО) Сцени како на филм во Тетово: Девојка сакаше да си го одзеде животот – спасена во последен миг
Следна вестКаков болен ум: Татко си ја убил малата ќерка – за да не плаќа алиментација