Вечерва во Македонија: Вее снег на овие места – температурите се под нулата

505

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, Пресека и Буково, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ соопштуваат дека активни забрани за тешки товарни возила има на неколку патни правци – Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка.

Од ЈП „Македонија пат“ ги известуваат сите сопственици на возила на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречено работа на екипите на јавното претпријатие. Посочуваат дека ЈП „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патишта.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи.

Потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15.03.2025 година.

Претходна вестБорче денес на патарина кај Скопје бил проморан да чека, која ја дозна причината – напиша статус
Следна вестСе појави вест дека починал Жељко Митровиќ: Набрзо потоа се огласи и првиот човек на Пинк