Вечерва ќе го отворат Германија и Шкотска ЕУРО 2024

158

Вечерва во Германија ќе започне 17. Европско првенство во фудбал. Континеталниот шампионат ќе го отворат домаќинот Германија и Шкотска. Натпреварот на стадионот на Барн во Минхен ќе започне во 21 часот.

Германија по дебаклот на последните две Светски првенства и лошиот резултат на претходното Европско првенство, сака на домашен терен да стигне до самиот крај.

Шкотска, пак, во четвртиот настап на ЕП, ќе се обиде прв пат да ја помине групата, во која се уште Швајцарија и Унгарија.

Натпреварот го означува враќањето на Јулијан Нагелсман во Минхен, каде пред една година доби отказ како тренер на Баерн. Пред неколку месеци на клупата на националниот тим го наследи Ханси Флик, кој доби отказ како најлошиот селектор во историјата на Германија.

Германската јавност има огромни очекувања од националниот тим на ова Европско првенство по серијата бламажи, затоа Нагелсман побара од Крос да се врати од репрезентативната пензија, а тој го состави тимот по принципот на спој на искуство и младост.

Шкотите се аутсајдери на овој меч, но следени од десетици илјади навивачи кои го окупираа Минхен, ќе дадат се од себе. „Тартан Арми“ не е нивна единствена предност, тие имаат неколку многу добри играчи: Робертсон, Тирни, Мектоминеј, Гилмур, Мекгин…

Очекувани состави:

Германија:

Ноер – Кимих, Ридигер, Тах, Мителштад – Андрих, Крос – Мусиала, Гундоган, Вирц – Хаверц.

Шкотска

Ган – Тирни, Хендри, Портеус – Ралстон, Мекгрегор, Гилмур, Робертсон – Мектоминеј, Мекгин – Адамс.

Судија: Клемент Турпан (Франција)

претходниот член,МЕПСО со предупредување до земјоделцитe
Следната статијаТренчевска: Кога имате апсолутна власт се губите, не го слушате гласот на народот