Вакво нешто ретко се случува: Жена роди четири бебиња – Матеј, Марко, Лука и Јован

20305

Веста која кај сите предизвикува среќа и радост. Жена роди четири машки дечиња, на големиот празник Свети Василиј Велики.

Женаата која го направи овој херојски подвиг е од од Бања Лука, а нејзиното породување се случило во Словенија.

Според порталот Независне новине, мајката денеска родила четири машки деца, а сите бебиња и мајката се добро, пренесува истиот медиум.

– Бидејќи ситуацијата е многу специфична и бременоста е постигната по природен пат, мајката ја водеше бременоста во Љубљана под будното око на повеќе лекари. За среќа, се помина во најдобар ред и таа денеска се породи со: Матеј, Марко, Лука и Јован, вели извор од болницата за порталот.

Тој додава дека оваа млада брачна двојка имале уште едно момче Константин пред да се случи ова чудо и да добијат уште четири момчиња.

– Денеска е Свети Василиј Велики и на овој прекрасен ден дојде голема среќа на семејството, но и на Бања Лука, која прими четворки – додава соговорникот.

На родителите им честитаме, а на бебињата им посакуваме здравје, среќа и безгрижно детство.

Претходна вест(ФОТО) ВНИМАВАЈТЕ: И ова го има на македонските улици – расфрлана храна за животни, во која има бодликавата жица
Следна вестБалканот во шок, гледачите во тага: Една од најубавите водителки најави крај – Заминувам од малите екрани, доста беше