УЖАСНА ВЕСТ: Поранешната ракометарка на Вардар откри дека боледува од рак

2338

Некогашната вардарка Камила Херем (38), која се уште е активна на ракометните терени, сподели ужасни вести на социјалните мрежи.

Норвешката ракометарка пред неколку дена дознала дека има рак на дојката и оваа вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Пред три и пол недели почувствував грутка во градите, некаде со големина на зрно грашок, и си помислив дека морам да проверам што е тоа. Минатата недела направив ултразвук и мамографија, а потоа ме повикаа од болницата и ме прашаа дали можам да дојдам. Тогаш ми рекоа дека имам рак на дојка“, открива Херем.

Очигледно потресена, во видеото зборува за чувствата што ги имала по шокантната вест.

„Сѐ уште сум во шок и не чувствувам дека ова е реално. Утре започнувам со хемотерапија“, вели Херем.

Херем освои еден тон трофеи со репрезентацијата на Норвешка на сите големи натпреварувања – ЕП, СП и ОИ, а во клупската кариера играше за Сола, Бјасен, Баја Маре, Холстебро и Вардар со кој играше на Ф4 во Лигата на шампионите и освои сребро.

Во Скопје мина една сезона и во 2017 година се врати во Сола, каде што се уште е активна на терените.

Претходна вестМицкоски објави за работата на финансиска полиција – Данела му напиша: Премиере, за 1 ден може да откриете криминал во Чаир
Следна вестЛоша вест вечерва ја потресе Македонија: За жал, лицето по кое се трагаше е пронајден мртов