Ужасна вест: Починато 9-месечно бебе донесено во велешката болница

664

Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8,30 часот било пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, Велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

Претходна вестСЕ БАРА РАБОТНИК: Плата од 60.000 денари, само прва смена и 40 часа работни во неделата
Следна вестМладите девојки Бојана и Јелена ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа