Ужасна вест ја потресе Македонија: Почина 2-годишното дете кое беше повредено на Нова година

5473

Двегодишното дете кое беше тешко повредено од метален предмет во пределот на главата за време на новогодишната ноќ, за жал, ја загуби битката за живот. Детето почина на Клиника за детска хирургија во Скопје, и покрај напорите на лекарите да го спасат.

Телото е предадено на обдукција, по што патолозите треба да утврдат од каков вид метален предмет станува збор и како тој завршил во главата на детето. Според досегашните сознанија, повредата настанала за време на новогодишниот огномет, а неофицијално се споменува дека инцидентот се случил на подрачјето на Шуто Оризари.

Од претходно направените медицински испитувања и скен не можело со сигурност да се утврди дали металното парче потекнува од испукан куршум или од друг извор.

Според изјавата на мајката, таа и детето заедно присуствувале на новогодишниот дочек со огномет, кога дошло до трагичниот настан. Истрагата продолжува, а надлежните институции најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на обдукцијата и анализите.

Претходна вестНови детали по трагичниот пожар: Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи
Следна вестНова ужасна вест од Швајцарија: Се бара и Стефан – таа вечер работел таму како обезбедување