Ужасна сообраќајна несреќа со смртни последици во Македонија

2254

Ужасна сообраќајна несреќа со смртни последици во Македонија

На 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив починал 80-годишниот Н.М. од селото Љуботен, скопско.

Според пријавеното, на 20 април 2026 година околу 11:15 часот, тој бил донесен во тешка здравствена состојба со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила во дворот на неговиот дом, додека го поправал својот трактор, кој во еден момент се придвижил и го прегазил.

На 25 април 2026 година во 06:00 часот, Н.М. починал како последица на повредите.

Претходна вестМакедонија масовно реагира – исчезнат е Горан Ременски, секоја информација е важна
Следна вестТажна вест: Почина Љупчо Јаневски