Ужас во Македонија – убиено едно лице, 11 уапсени

4921

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци.

Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица за незаконит лов, а едно од лицата е осомничено и за убиство од небрежост.

На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 во атар на с. Габревци биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.

11 компањони од околината на Конче случајно го застрелале 12 член од групата која тргнала во кривилов во атарот на селото Габревци. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за убиство од небрежност, ама и за незаконит лов и поседување на оружје без дозвола.Настанот се случил во понеделникот кога групата криволовци тргнале да стрелаат дивеч без да поседуваат дневни дозволи.

-За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири”, атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П, соопштија од полицијата

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На криволовците им биле одземени ловечките пушки и муницијата и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Претходна вестТешка сообраќајка во Македонија со 6 повредени меѓу кои и 2-годишно дете, едниот возач имал само 15 години
Следна вестНајнова пресметка: Дрва, пелети или струја – еве како ќе поминете најефтино