Ужас утрово од Грција: Пронајдено починато 2-годишно девојче на плажа

2543

Девојче на околу двегодишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.

На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112.

Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.

Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.

Претходна вестЧекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути
Следна вестТргнале на одмор, но не стигнаа до морето: Ова се 22 годишните Бојана и Јелена кои вчера загинаа во страшна трагедија