Трамп: САД го победи Иран, војната заврши

9240

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД ја добиле војната против Иран, додавајќи дека Техеран се согласил во иднина да не развива нуклеарно оружје.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, како што пренесува Скај њуз, Трамп истакнал дека и покрај сложената ситуација, американската страна води разговори со, како што рече, „вистинските луѓе“, кои покажуваат подготвеност за постигнување договор.

Тој нагласил дека иранските претставници во преговорите настапуваат разумно и дека постои силна желба од нивна страна да се дојде до договор. Според Трамп, САД во разговорите ги претставуваат Џаред Кушнер, Стив Виткоф, како и државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Американскиот претседател изнесе и тврдења дека Иран претрпел сериозни загуби, наведувајќи дека неговите воени капацитети се значително ослабени, вклучително и морнарицата, воздухопловните сили и системите за одбрана. Тој додаде дека САД имаат целосна слобода на движење во воздушниот простор над Техеран.

Трамп упати критики и кон дел од американските медиуми, обвинувајќи ги за ширење, како што рече, „лажни вести“ и погрешно прикажување на ситуацијата.

Во однос на Ормутски Теснец, тој изјави дека Иран им дал на САД „значаен подарок“, без да открие детали, но посочи дека станува збор за нешто поврзано со нафтата и гасот. Според него, токму ваквите потези покажуваат дека постои реална основа за постигнување договор меѓу двете страни.

Претходна вестУбил човек за 60.000 евра, телото го сокрил во шума – а потоа со останатите го барал „исчезнатиот“
Следна вестКонечно убава вест: Проверете ги сметките – неочекуван прилив до 29 март