Ужас на одморот: Македонски државјанин се удави во Албанија

1208

Трагедија на албанското крајбрежје – 66-годишен македонски државјанин денеска го загуби животот во морето кај Драч, на плажата во близина на Каваја.

Според информациите објавени од албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот, кога мажот, веднаш по влегувањето во морето, доживеал срцев удар, по што се удавил.

„Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопштија надлежните служби.

Очевидци на настанот, кои се наоѓале на плажата, се обиделе да му помогнат кога го забележале во неволја, но за жал, екипите на Итната медицинска помош само ја констатирале смртта.

Инцидентот е под истрага на албанските власти, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.

Претходна вестЛошата вест се прошири: Ѕвездата на Гранд доживеа сообраќајна несреќа – први фотографии од несреќата
Следна вестТАЖНА ВЕСТ ги погоди сите: Почина истакнат македонски активист, педагог и борец за правата на Македонците во Албанија