Ужас ја потресе Македонија: Маж кршел низ дома, па отишол кај соседката и ја про6одел со нож

1206

Маж е хоспитализиран по серија инциденти пријавени во СВР Тетово, во кои биле вклучени семејно насилство и напад врз соседка, информираат од полицијата.

Според пријавата, 78-годишна жена од Тетово, мајка на осомничениот, пријавила дека нејзиниот 57-годишен син во семејниот стан кршел предмети и се однесувал агресивно, со што ја вознемирил семејната средина.

Набргу потоа, истиот ден, соседка пријавила дека мажот заѕвонил на нејзината врата и со остар предмет ѝ нанел повреди.

На местото на настаните интервенирале полициски службеници и Итната медицинска помош, по што лицето било пренесено и хоспитализирано во здравствена установа во Скопје.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случиле инцидентите.

Претходна вестТинејџер возел пијан, се забил во метален столб: Полицијата со полни раце работа