Ужас ја потресе Македонија: Cилуванo 13-годишно девојче, осомничени се 4 лица

2041

Каде ќе им оди душата?!

Ужас ја потресе Македонија: Cилуванo 13-годишно девојче, осомничени се 4 лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.

Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал.

Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.

Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Претходна вестСтраотни сцени од лице место: Страшен судир помеѓу трактор, комбе и автомобил
Следна вестДве недели по трагедијата, откриено е како точно загинал младиот Кристијан Љушев: Со колега носеле дел од лежај долг речиси два метра