Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Ѓавато

Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопшти дека на патниот правец Битола – Ресен на превојот Ѓавато е укината забраната за тешки товарни возила.

Врнежите од снег во текот на вчерашниот и денешниот ден во одредени делови од државата предизвикаа проблеми и го отежнаа сообраќајот на државните патишта.