УЈП со заислени контроли за празничниот период

55

Управата за јавни приходи преку соопштение упати порака со угостителите кои организираат празнични прослави и продаваат влезници или ваучери, задолжително да издаваат фискални сметки согласно законот за регистрирање на готовински плаќања.

Ако ангажираат физички лица како музичари или изведувачи, задолжително да склучат договори за повремени или привремени услуги и да го пријават и да го и платат данокот преку системот на УЈП.

Стопанствениците кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи за претстојните празници, имаат да издаваат фискална сметка. Од Ујп со порака и до потрошувачите да бараат фискална сметка.

Периодов ќе бидат засилени контролите на терен, а за угостителите кои нема да ги почитуваат законските обврски, ќе има прекршочни налози и забрани за вршење дејност. Физичките лица кои вршат дејност од времен карактер како дел од базари или новогодишни и божиќни настани треба да поднесат барање за паушално плаќање на данок.

Претходна вестИзмамена охриѓанка: И рекле да подигне брз кредит за да и исплатат профит од биткоинот
Следна вестЗеленски: Русија распореди уште севернокорејски војници за одбрана на Курск