Нестабилно време вечерва зафати делови од западна Македонија. Пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи има во Кичево и поширокиот регион, а нестабилност е забележана и јужно од Демир Хисар.
Според најновите радарски снимки објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежите и грмежите се регистрираат во повеќе делови од западна и југозападна Македонија.
На мапата на УХМР јасно се забележува развојот на нестабилноста, со дождовни облачни системи кои зафаќаат делови од западниот регион.
УХМР претходно информираше дека во текот на денот на места се можни локални нестабилности со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во наредните денови условите за невреме ќе бидат поизразени.
Граѓаните во погодените подрачја се повикуваат на внимателност, особено при движење во услови на силен дожд и засилен ветер.
Погледнете ја мапата на УХМР и следете го движењето на нестабилноста над Македонија.





