Арнолд Шварценегер откри дека му бил вграден пејсмејкер минатата недела, откако лузните од претходните операции предизвикале нередовно чукање на неговото срце.
Тој рече дека сега е дел од машината, исто како ликот на Терминатор што го играше.
„Минатиот понеделник имав операција за да станам малку повеќе машина: добив пејсмејкер. “, рече седумдесет и шестгодишниот актер во неговиот подкаст „Arnold’s Pump Club“.
Поранешниот гувернер на Калифорнија беше подложен на процедурата по совет на неговите лекари, кои рекоа дека неговите три претходни операции на срцето го нарушиле неговото тело.
„Исто така, ме советуваа дека е време да ја направам оваа интервенција бидејќи некои лузни од мојата претходна операција предизвикаа неправилно чукање на срцето. Тоа е животот со генетски проблем со срцето“, објасни тој.
„Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Сè уште сум тука поради медицинските иновации, многу сум одговорен и решен да се грижам и да ги слушам моите лекари“, рече Шварценегер.