Убиство пред познат ресторан: 18-годишник убиен, убиецот во бегство

4154

Според информации на српските медиуми, младото лице било прободено со нож во пределот на вратот по расправија што претходела на инцидентот. И покрај брзата интервенција на Итната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите во амбулантното возило, на пат кон болница.

Како што пренесува Блиц, осомничениот за убиството сè уште не е приведен и се наоѓа во бегство. Полицијата спроведува интензивна потрага, а селото Товаришево е под силно полициско обезбедување.

Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, а повеќе детали за мотивите и околностите под кои се случило убиството се очекуваат по завршување на истрагата.

Рано утрово, околу 3 часот, во ресторан во селото Товаришево, во близина на Бачка Паланка, се случи тешко кривично дело при кое животот го загуби 18-годишен маж.

Претходна вестВакво нешто не се памети: Страшно невреме беснее во соседството (ВИДЕО)
Следна вестУХМР објави мапа: Започнуваат врнежите од снег