Убедлива победа на Бабиш на чешките избори

44

Партијата ANO на еден од најбогатите луѓе во Чешка, Андреј Бабиш оствари убедлива победа на парламентарни избори во саботата, приближувајќи ја земјата до влада која ќе го поддржи суверенистички притивимигрантски блок на Европа и ќе ја намали поддршката за Украина.

Бабиш им порака наа поддржувачите дека ANО ќе се обиде да формира еднопартиска влада, но ќе разговара со две помали партии, вклучувајќи ја и крајно десничарската Слобода и директна демократија (SPD), бидејќи неговата партија нема да има мнозинство.

Повторно ги отфрли обвинувањата дека неговата победа ќе ја направи централноевропската земја помалку сигурен партнер за Европската унија и НАТО.

„Сакаме да ја спасиме Европа и јасно сме проевропски и проНАТО“, им рече тој на новинарите.

Со речиси сите преброени гласови, ANО е подготвена да ја замени сегашната централнодесничарска влада на премиерот Петр Фиала. Фиала му честиташе на Бабиш и го призна поразот.

ANО водеше кампања со ветувања за побрз раст, повисоки плати и пензии, пониски даноци и даночни олеснувања за студентите и младите семејства.

Чесите претрпеа остро зголемување на инфлацијата од глобалната пандемија и руската инвазија на Украина во 2022 година поради откажувањето од евтините руски енергенси поради западните санкции и големите издатоци за воената помош на Украина, и одвај закрепнуват од еден од најлошите падови на реалните приходи во Европа, односно острото намалување на куповната моќ.

Ветувањата – кои ќе чинат милијарди евра, ќе стават крај на наводните политики на штедење што ги водеше владата оптоварена со корупциски скандали што ѝ наштетија на коалицијата SPOLU (Заедно) на премиерот Петр Фиала и неговите либерални сојузници во владата кои се фокусираа на постепено намалување на буџетскиот дефицит – ќе ја тестираат фискалната разумност на земјата, наидоа на резонанца кај многу Чеси чии приходи опаѓаат последните години поради високата инфлација.

Сепак, Бабиш мора да надмине некои пречки за да стане премиер, вклучувајќи ги законите за судир на интереси како сопственик на хемиска и прехранбена империја и долгогодишните обвинувања поврзани со наводно повлекувањето на средствата од ЕУ пред 15 години, што резултираше со судска разрешница во негова полза.

Со преброени 99 отсто од гласовите, ANO е во водство со 34,7 отстои во споредба со 23,2 отсто на SPOLU, соопшти Заводот за статистика.

Претседателот Петр Павел, кој ќе го назначи следниот премиер, треба да започне разговори со лидерите на партиите во недела.

Според проекциите на резултатите, ANO треба да освои 80 места во Долниот дом на парламентот со 200 места и ќе мора да бара поширока поддршка.

Бабиш рече дека ќе разговара со „Motoristi“, кои се противат на зелените политики на ЕУ, и со партијата SPD која е анти-ЕУ и анти-НАТО. Лидерот на Motoristi, Петр Мацинка, рече дека е отворен за преговори со ANO, како и со SPD.

Претходна вестТепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
Следна вестФилипче: Ја одбиваат Резолуцијата, а до збор истите барања ги имаат во програмата, лицемерието нема крај