Убаво изненадување за Крушевчани: Организиран дочек на Нова Година, најави градоначалникот Томе Христоски

294

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски во емисија на „Инфо Компас“ откри повеќе интересни работи на кои се посветени тој и неговиот тим. Секако, најголем интерес привлече дочекот на Нова Година.

После подолг период, во Крушево повторно ќе има дочек на Нова година. За забавата ќе се погрижат Миле Кузманоски и групата „Црешово топче“. Во петок пак ќе се отвори официјалната зимска сезона во Крушево, каде ќе има детска програма, Дедо Мраз, како и греано вино и ракија, со други топли алкохолни и без алкохолни напитоци во центарот на градот.

Во интервјуто се најавуваат и голем број на убави проекти за Крушево, а целото видео може да го погледнете во продолжение:

Претходна вестПејачката Билјана искрено: Немав кров над глава, бев на раб на егзистенција
Следна вестУбава вест за валандовчани, Перо Костадинов од лице место: Започнува изградбата на улица „Поројска“