УБАВА ВЕСТ: Унгарскиот заем од 500 милиони евра помина на Влада

239

Законот со кој Македонија се задолжува кај Унгарија за сума од 500 милиони евра вчера бил усвоен на владина седница, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека очекува за краток период парите да бидат достапни.

– Поминаа на вчерашната седница 500-те милиони евра. Тие многу скоро ќе се најдат пред пратениците во парламентот и очекувам до крајот на месецот да се заокружи тој процес, рече денеска Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

Овие 500 милиони евра кои ќе се враќаат по каматна стапка од 3 отсто и грејс период од 3 години ќе се поделат на 250 милиони евра за проекти на општините и 250 милиони евра за кредитирање на бизнисот.

Претходна вестИзчезна девојка од Непал која работела во хотел во Охрид
Следна вестГолем пожар кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од ЦУК