УАПСЕНИ ТАТКО И СИНОВИ ВО РУСИЈА: Се верува дека им помогнале на терористите

373

Русија уапси уште тројца осомничени за нападот кој во петокот се случи во Москва и во кој загинаа 137 луѓе.

Московскиот суд нареди апсење на уште тројца осомничени за кои се тврди дека се поврзани со смртоносниот терористички напад во петокот во концертната сала Крокус сити хол кај Москва, соопшти прес-службата на судот. Тројцата новоосомничени – Аминчон Исломов, Диловар Исломов и нивниот 62-годишен татко Исроил Исломов – се обвинети за учество во организирањето на терористичкиот акт, според рускиот Истражен комитет, пренесе ТАСС.

Истражителите тврдат дека еден од вооружените лица, Шамсидин Фаридуни, се верува дека во јануари го регрутирал Аминчон Исломов за да ѝ се приклучи на неговата организирана терористичка група, со цел да изврши терористички акт. Најдоцна до 11 март, се смета дека тој го регрутирал и Диловар Исломов, велат истражителите, барајќи итно апсење на двајцата браќа, како и на нивниот татко.

Како што пренесуваат руските медиуми, се верува дека Диловар Исломов бил последниот сопственик на белото рено што наводно е користено како возило за бегство од терористите како дел од нивниот план. Сепак, сѐ уште не се објавени официјални детали за тоа како тројцата роднини се поврзани со инцидентот, објави РТ.

Уапсените ќе останат во притвор најмалку до 22 мај. Безбедносните служби за викендот приведоа 11 луѓе во врска со смртоносната престрелка.

Инаку, на социјалните мрежи се споделуваат закани дека ИСИС пак ќе изврши напади во Русија, поради тоа што уапсените биле тепани. Но, оваа информација не е независно потврдена. Денеска имаше закани за бомби во Москва. Од болница беа евакуирани 700 луѓе.
Инаку, дел од напаѓачите се семејни луѓе, а најмладиот живеел во Русија и бил бербер.

Претходна вестБислимоски контра Мицкоски: Укинувањето на пристапот до мрежа од 200 денари ќе ја поскапи струјата
Следна вестНАЈНОВИ ДЕТАЛИ од истрагата за убиството на докторот Трпковски – крвта и натаму стои на паркингот