Уапсена сопругата на докторот во кој вчера беше пукано во Куманово

103

На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско, информира МВР.

Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.

По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестСДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја, кажа Филипче од Валандово
Следна вестПроверката потврди дека нема опасност од сомнителен куфер кој беше оставен на плоштадот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ