Уапсен 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

136

Денеска околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово.

Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информираа од полицијата.

Претходна вестНаместо 1%, независните кандидати ќе треба да обезбедат потписи од 0,95% од гласачите, Собранието утре ќе расправа за измените на Изборниот законик
Следна вестСе сретнаа Трамп и Путин на аеродромот во Алјаска