ТРИ НЕДЕЛИ: Галичник отсечен од светот, остана и без струја

67

Месната заедница на Галичник денеска упати апел до надлежни институции „Македонија пат“, Општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за Државни патишта да се овозможи пристап до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација.

„Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап. Се надеваме на соодветна и навремена реакција на надлежните институции“, се вели во апелот на Мезната заедница на Галичник.

Претходна вестЛазаров: Наредните планирани настани ги откажувам, УЈП констатираа дека е наградна игра – ќе поднесам жалба
Следна вестФото: Пожар попладнево ја зафати новогодишната елка во Скопје