Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија ако рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици.
„Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски санкции затоа што нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп.
Трамп не постави нов временски рок за спроведување на санкциите ако војната во Украина не биде запрена, објави Си-Ен-Ен.
„Тоа нема да биде светска војна, но ќе биде економска војна. Ќе биде лошо за Русија“, рече Трамп.
Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.
Трамп, исто така, повторно сугерираше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сноси дел од вината за конфликтот.
„Она што мислев дека ќе биде најлесното нешто што треба да се направи, се покажа како најтешко“, рече Трамп за војната во Украина, велејќи дека сè уште верува дека може да помогне во завршувањето на конфликтот.
Трамп постојано се закануваше дека ќе воведе санкции врз Русија ако не ја заврши војната во Украина, поставувајќи временски рамки за тоа, па ги продолжуваше , објавува CNN.