Трамп со најопасната закана до сега: Трпението помина – ако Иран направи ваков проблем, ќе си поминат многу лошо

986

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека САД ќе одговорат многу посилно доколку Иран се обиде да го блокира снабдувањето со нафта во регионот.

„Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат погодени многу, многу посилно. Ако сакаат да ја играат таа игра, подобро да не го прават тоа“, изјави Трамп на прес-конференција во Флорида.

Тој претходно ја опиша војната со Иран како „кратко патување“ и „мала екскурзија“ во говор пред републиканските пратеници.

Трамп даде и низа различни изјави за целите на израелско-американската офанзива, нагласувајќи дека САД нема да запрат додека непријателот не биде целосно поразен.

Тој додаде дека американските сили започнале напади врз иранските постројки за производство на беспилотни летала и дека операцијата се одвива побрзо од првично планираното.

„Операцијата во Иран е многу пред нашиот првичен распоред“, нагласи тој.

„Блиску сме до завршување на турнејата. Војната ќе заврши кога Иран повеќе нема да има капацитет да развива оружје насочено кон САД, Израел или нашите сојузници за многу долго време“, рече американскиот претседател.

Претходна вестГолем пресврт доцна вечерва: Цената на нафтата драстично падна
Следна вестМицкоски најави многу пари за овие граѓани во Македонија