Трамп најави царини за ЕУ, планира и дополнителни 10 отсто царина за увоз на стоки од кинеско производство

22

Доналд Трамп изјави дека ќе ја погоди Европската Унија со царини и дека неговата влада ќе разговара за воведување казнена давачка од 10% за кинескиот увоз бидејќи опасната дрога фентанил се испраќа од Кина во САД преку Мексико и Канада.

Тој повторно се закани со царини откако го почна својот претседателски мандат, иако претходно вети деќа ќе ги воведе уште првиот ден. Трамп сега најави дека би можел да воведе царини од 25% за Мексико и Канада на 1 февруари, како и давачки за Кина и ЕУ.

„Европската Унија и други држави имаат вознемирувачки трговски суфицити со САД. Европската Унија е многу, многу лоша за нас. Затоа и таа ќе биде вклучена во новите царини. Тоа е единствениот начин, мора да има правичност“, кажа Трамп.

Советникот за трговија на Белата куќа Питер Наваро изјави дека царините за Мексико и Канада имаат за цел да ги притиснат двете држави да го запрат влегувањето на илегални мигранти и фентанил во САД.

„Секој ден 300 Американци умираат од предозирање со фентанил“, кажа Наваро.

Трамп во понеделникот објави широки мерки против илегалната имиграција, прогласувајќи вонредна состојба на границата со Мексико.

Претходна вест„Мамо кој ќе умре утре“ – Потресна исповед на мајката чии две ќеркички кои загинаа при падот на настрешницата во Нови Сад
Следна вестКривична пријава за затајување на данок и штета на Буџетот од 11 милиони денари