Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на Ивона

753

Телото на Ивона Савиќевиќ е пронајдено во населбата Штеќе кај Подгорица, соопштија од Полициската управа за „Вијести“.

Полицијата, според првичните информации, претпоставува дека се работи за самоубиство, но тоа ќе се знае по сите анализи и вештачења.

Нејзиното семејство пред три дена го пријавило нејзиното исчезнување во полиција.

Во потрагата по Ивона Савиќевиќ биле вклучени и беспилотни летала и хеликоптер МУП, пренесува Телеграф.

Кога исчезнала на 13 јануари, управувала металик сина „Опел Антара“, соопштија од Полициската управа, пренесува порталот РТЦГ.

Полицијата трагаше по Савиќевиќ, родена 1983 година, откако нејзиното семејство го пријавило нејзиното исчезнување и апелирало до граѓаните да ги контактираат доколку имаат некаква информација.

Претходна вестТик-токер заврши на КАРИЛ- тинејџер го фатило струен удар откако се качил на вагон – цистерна
Следна вестДрага госпоѓо, стара скопјанке, извинете што ние провинцијалците ви го загадивме воздухот