Трагедија на големиот празник Богородица: За жал има и загинат

2976

Голема трагедија на празникот Богородица, 28-ми август…

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска во село Облешево, општина Чешиново-Облешево, загина возач откако неговото возило излетало од коловозот.

Несреќата е пријавена во 09:43 часот во СВР Штип.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало од патот, а возачот бил пронајден починат на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот.

Претходна вестСкопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“
Следна вестЛошата вест на празникот брзо се прошири: Едно лице се удави во Охридското езеро