Осомничениот Д.Д. (1984) од Бор кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на својот брат Д.Д. (1974), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по стореното дело, почина синоќа во Полициското одделение во Бор – соопшти српското МВР.
На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе да го реанимираат, тој починал во 03.10 часот, а лекарот судски вештак констатирал природна смрт – соопшти Министерството за внатрешни работи.
За настанот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство Заечар, кое наредило обдукција во Институтот за судска медицина во Белград – додаваат од МВР.