Трагедија: 4 лица загинаа во директен судар – еден автомобил возел во спротивна насока

2717

Трагедија на автопат во Србија „Форд“ возел во спротивна насока, четворица загинаа

Четири млади лица загинаа во директен судар на автопатот Шабац – Рума во Србија. Уште едно 22-годишно лице е тешко повредено и лекарите се борат за неговиот живот, пишуваат регионалните медиуми.

Несреќата се случила кога возач на „форд“ со белградски таблици се движел во спротивна насока и директно се судрил со „голф“.

Само неколку минути пред сударот, на социјалните мрежи се појавило предупредување за опасното возење.

„Автопат во близина на Шабац кон Рума, човек вози во спротивна насока со 130 на час, внимавајте! Темно сив Форд. Овој ќе убие некого“.

Набргу потоа, околу 13 часот, се случила трагедијата. Во „голфот“ се наоѓале четири млади лица. Патувале кон Словенија преку апликација за делење превоз.

Две лица, маж и жена, загинале на лице место. Возачот на „голфот“, 24-годишно лице, подоцна им подлегнал на повредите во болница.

Четвртото лице, на возраст од 22 години, е во тешка состојба.
Во сударот загинал и возачот на „фордот“, кој се движел во спротивна насока.

Претходна вестЗа денеска најавени врнежи од дожд и грмежи, УХМР утрово со најнова прогноза
Следна вестПристигна убава вест за македонските земјоделци