Легендарниот Тони Крос по крајот на Европското првенство ја заврши кариерата како еден од најтрофејните фудбалери во историјата.
Германскиот фудбалер освои шест трофеи во Лигата на шампионите, еден со Баерн Минхен и пет со Реал Мадрид.
Меѓутоа медиумите потсетуваат и дека Манчестер Јунајтед направи голема грешка со Крос.
Имено, овој клуб имаше договор со Крос кога Дејвид Мојс беше тренер, но по неговото заминување и доаѓањето на Ван Гал таа комуникација сеп рекина и холандскиот стратег се одлучи за некои други имиња во средниот ред.
Крос за недосудениот пенал на ЕП: На УЕФА и требаа три месеци да сфати нешто што сите го видоа во секунда
Шпанија на доминантен начин го освои Европското првенство во Германија, но сè уште главна тема од тој настан е недосудениот пенал за Германија во дуелот со „фуријата“.
Резултатот беше 1-1 во 106. минута, кога Џамал Мусијала од 18 метри од голот удри во раката на Марко Кукуреља. Цел стадион беше сигурен дека се работи за пенал, и дека одлуката на Ентони Тејлор ќе биде сменета по проверката во ВАР просторијата. Сепак, тоа не се случи, а Микел Мерино во 119. минута од натпреварот му донесе победа на својот тим, а подоцна „фуријата“ го освои Европското првенство.
По три месеци, Европската судиска куќа, предводена од Марко Розети, презентираше детална анализа и таа е недвосмислена: Имаше пенал! Иронијата е дури и во тоа што токму Розети го бранеше судијата од јавни напади по натпреварот.
Тој натпревар беше последен за Тони Крос во кариерата, па затоа германскиот ас и ден денес не може да се помири со таа судиска одлука.
„Им требаа три месеци да сфатат дека тоа е игра со рака, што речиси сите го видоа во секунда. Тоа неизмерно ме смирува. Не е толку важно, се чувствувам добро”, се потсмева Тони Крос и продолжи да се жали: Можам ли сега за себе да кажам дека сум европски шампион? Затоа што и официјално потврдија (дека тоа беше пенал за Германија). Мислам дека не“.
Тој натпревар се играше во рамки од четвртфиналето на Европското првенство а потоа Шпанија ги совлада Франција и Англија и го освои посакуваниот трофеј.