Томе Христоски: Остануваат уште само неколку дена до денот кога сите заедно ќе ја покажеме љубовта кон нашето Крушево, денот на големата победа

90

Драги мои Крушевчани,

Остануваат уште само неколку дена до денот кога сите заедно ќе ја покажеме љубовта кон нашето Крушево — денот на големата победа!

Тоа е денот кога ќе одлучиме дали ќе продолжиме по патот на развојот, искрената работа и сонот што го градиме – чекор по чекор, заедно.

Во изминативе години со срце и душа му служев на секој наш сограѓанин. Заедно создадовме подобро Крушево – место каде што вреди да се живее, каде што има иднина за нашите деца и спокој за нашите семејства. Сето тоа беше можно само благодарение на вашата доверба и поддршка.

Сега сме пред нов почеток. Ве повикувам повторно да бидеме обединети – да покажеме дека Крушево знае да ја препознае чесноста, трудот и искрената намера.

Вашата поддршка е мојата најголема сила. Да продолжиме заедно – за наше, убаво, модерно и живо Крушево! Се бориме за секој дом, за секое населено место, за нашето Крушево!

Претходна вестАко не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“, најави Кашиковски
Следна вестКостадинов со џентлменски одговор: Намешто како вас, со говор на омраза и манипулации – одговорете на овие прашања