Тодорка Мицевска од Општина Карбинци е оставена без правда и мирен сон. Како што вели дека веќе пет години таа има проблем со својот сосед, кој неговата куќа ја прилепил сосема до нејзината и направил угостителски објект.
За М-Нет телевизија истакна дека скарата ја направил веднаш до нејзиниот ѕид, па од тогаш покрај што таа нема мирен сон, таа веќе има и материјални штети. Бара надлежните да се вклучат со цел таа и нејзиното семејство можат око да склопат.
“Значи проблемот е од Манев Гоше ми се залепи за мојата сопствена куќа од татко ми. Јас бев на работа во Италија, а мојот братучед ме наговори да потпишам за да граде. Тие мојата сопствена изјава ја злоупотребија и ми се залепија до мојот ѕид од татко ми. Не може да спиеме, до четири часот музика, пијаници, кафана. Денеска пред пола саат, ќе го напомнaм градоначалникот, ма да не заслужува да го наречам градоначалник Виктор Паунов и ми вика дека сум шекната. Јас немам никаков документ дека сум шекната. Јас би рекла да земе од штипскиот градоначалник малку од културата.”, вели Мицевска
Бидејќи таа немала никаков спас, решила сама да се справува како знае и умее. Отворила прозор на истиот ѕид, па сега како што вели барем нема чад и саѓи од скарата, која создала поголема штета во нејзината соба
“Јас отворив сопствен прозор, поради тоа што да ги спречам да ми се одделат и да не ми печат скара на мојот ѕид и ми се појави лочка и морав да лепам тапети пред се, ми дојдоа гости, правив матурска и ми велат што мирише, ми велат уште малку ќе ти влезат во собата”, додава Мицевска.
Мицевска вели дека ваквата ситуација не е во ред, бидејќи како што таа знае законот е обратно од делата на нејзиниот сосед.
Во согласност со стиуацијата, М-Нет телевеизија како што пренесува се обратиле кон градоначалникот на општината Виктор Паунов, кој до емитувањето на дневникот не одговори на нивните повици и испратени пораки.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на М-нет.